Loading Video...
Фудбал
7. February 2020 - 14:13

Баскиските тимови кобни за фаворитите Реал и Барса во „Копа дел Реј“

Баскиските екипи Атлетик Билбабо и Реал Сосиедад ги елиминираа фаворизираните Реал Мадрид и Барселона во четвртфиналето на „Копа дел Реј“. 
 
За изненадувањето да биде уште поголемо е победата на Сосиедад и тоа со 4-3 на гости во Мадрид кај Реал, меч во кој гостите имаа и убедлива предност од три гола. 
 
Во Билбабо, големата радост на домаќините им ја донесе  практично Серхио Бускетс кој си постигна автогол дури во 93-тата минута, за минимална победа на Атлетико над Барселона со 1-0. 
 
 
Со овие два меча практично беше комплетирано изненадувањето во четвртфиналната рунда која започна со елиминацијата на Валенсија од Гранада (2-1), а продолжи со победата на второлигашот Мирандес над Виљареал (4-2). 
 
Така во полуфиналето во кое ќе се играат по два натпревари (дома-гости) ќе се сретнат Реал Сосиедад и Мирандес, односно Атлетик Билбао - Гранада.
 
Првите дуели на програмата се на 12 февруари, а реванш дуелите на 4 март.