Балкан
6. September 2019 - 13:11

Баша: Рама вети 300.000 нови работни места, но толку Албанци истера од земјата

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија,Љуљзим Баша, го обвини премиерот Еди Рама за целосно неисполнување на ветувањата дадени на граѓаните пред да дојде на власт.

Според него, рама ветил нови 300.000 вработувања, а всушност “протерал од земјата повеќе од 300.000 албански граѓани”.

На Фејсбук Баша напиша дека „Албанците се без работа бидејќи економијата е во рацете на олигарсите и клиентите на Рама”.

Баша додава дека за да се отворат работни места треба да си оди Рама, нарекувајќи го психички крадец.

-Вети 300.000 нови работни места, но истера од Албанија повеќе од толку. Триста милијарди евра се украдени и злоупотребени од психичкиот крадец во изминатите шест години, сите завршија во џебовите на Еди Рама и неговите клиенти или се злоуотребени за негов интерес, за фасади и луксуз. Албанците се без работа бидејќи економијата и економските можности ги зграпчија олигарсите и клиентите на Еди Рама. За да отворат работни места и можности за луѓето треба да ја оддалечиме бандата крадци и психичкиот крадец, напиша Баша.

Претходно тој најави продолжување на масовните протести есенва, но не прецизираше датум.

Обединетата албанска опозиција од февруари до почетокот на јуни одржа десет ” национални протести” со барање заминување на премиерот Рама и формирање преодна влада,која ќе спроведе слободни и фер избори.