Барзани до Трамп: Крвта на Курдите е далеку повредна од парите и оружјата
Курдскиот лидер и поранешен претседател на курдскиот регион, Масуд Барзани, упати порака до американскиот претседател Доналд Трамп во која му пишува дека „крвта на Курдите е далеку повредна од парите и оружјата“, јавува Бас њуз.
Сириските Демократски сили (СДС) ја критикуваа одлуката на Вашингтон да ги повлече американските сили од Сирија и да даде зелено светло за турскиот воен упад во оваа блискоисточна земја.
„Почитуван претседате Трамп, ве молам, знајте дека луѓето на Курдистан секогаш си ги користеле правата што им припаѓаат. Единиците Пешмерга го уништија ИДИЛ и се ефективен дел од коалицијата против теророт“, напиша Барзани на Твитер во одговор на коментарите на Трамп. „Крвта на Курдите е многу повредна од парите и оружјата. Благодарам”, заврши Барзани со својата порака до Трамп.
Абид Ика, претставник на СДС во Курдистан, за Бас њуз изјави дека пораката на Барзани „е многу важна“, бидејќи Трамп, забележа тој, ја отвори темата за парите и оружјата, за да ја оправда својата одлука.
„Но, Барзани му кажа дека крвта на Курдите е повредна од парите”, повтори тој.
Ика, исто така, напомена дека курдскиот лидер ги разместил силите на Пешмерга во Кобани, во Сирија, кога реонот беше нападнат од ИД и „сега тој настојчиво ја повикува Русија да не ги заборави Курдите“.
Освен тоа, Ика посочи дека коментарите на Барзани се поздравени од курдскиот народ во Турција, изјавувајќи дека таа е „страшно добра“ изјава за курдската нација во Ирак, Иран, Сирија и Турција.
Ново на Сител
-
Пратеникот Ѓорчев се сретна со американската конгресменка Чејни
-
Новогодишна елка и базар на плоштадот во Скопје
-
Крајбрежната стража на Мавританија пресретнала брод со мигранти
-
Еден убиен и повеќемина ранети во напад во американска военопоморска база во Пенсакола
-
Аеросолизација против аерозагадување во Куманово
-
Судири меѓу полицијата и маскирани лица во Атина
-
Градоначалникот на Струмица бара „Комуналец“ да го раскине Договорот со фирма која треба да го собира сметот
-
Венецијанска комисија препорача да се преиспита законот за јазиците и напуштање на одредбите за двојазичност во судските постапки