Бартомеу останува на кормилото на Барселона
Пеп Марија Бартомеу, претседателот на Барселона, одлучи да не поднесе оставка пред истекот на мандатот, иако е под притисок на лоши резултати и војната со Лионел Меси.
Бартомеу најави дека ќе го чека резултатот од гласањето за доверба на него и на бордот на директори, кој е закажан за 1 и 2 ноември, и сигурно е дека после тоа ќе мора да ја напушти функцијата претседател.
Шпанските медиуми, исто така, напишаа дека првиот човек на Барселона веќе се обратил до каталонската влада, барајќи да се одложи референдумот за недоверба поради пандемијата на коронавирус, а доколку одговорот биде негативен, Бартомеу би можел да го напушти клубот во понеделник.
Официјално, мандатот на Бартомеу трае до март следната година, кога треба да се одржат избори. Сепак, работите ескалираа во последната година, бидејќи тој и Ерик Абидал влегоа во отворен конфликт со играчи за многу прашања, вклучувајќи намалување на платите, а имаше и криза кога Лионел Меси објави дека сака да замине од клубот.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра