-->
-->
Бартомеу: Нема да се прилагодуваме на распоредот на ФИБА
-->
Претседателот на кошаркарската Евролига, Жорди Бартомеу изјави дека неговата организација нема се адаптира според календарот на Европската кошаркарска федерација (ФИБА) според кој квалификациските натпревари за Светското првенство ќе се играат во текот на сезоната.
- Ние исто како и НБА одамна донесовме одлука по ова прашање. На состанокот пред 18 месеци одлучивме дека нема да учествува во овој проект на ФИБА. Ќе имаме уште еден состанок во јули каде ќе се разговара за распоредот за следната сезона. Можеби ќе им излеземе во пресрет со распоредот во Еврокупот, но со Евролигата ќе биде речиси невозможно. Тоа не може да биде наш проблем, проблемот е во апсурдниот распоред според кој најдобрите кошаркари нема да може да играат, рече Бартомеу.
ФИБА сака слично како во фудбалот, Мундијалските квалификации да се играат во текот на сезоната, наместо пред почетокот на првенствата. НБА тимовите веќе се изјаснија дека нема да ги ослободуваат своите играчи, а според изјавата на Бартомеу, тоа нема да го сторат ниту најдобрите европски кошаркарски екипи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Расчистена кражба во Гостивар
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата