Loading Video...
Фудбал
12. January 2022 - 14:16

Барселона - Реал во полуфиналното „Ел Класико“ во Супер купот на Шпанија

Фудбалската јавност не само во Европа туку и ширум светот, одбројуваа до големата  фудбалска пресметка односно популарното „Ел Класико“. 
 
Имено, вечерва во Ријад, Саудиска Арабија, ќе се сретнат големите шпански ривали Барселона и Реал Мадрид. 
 
Ова е првиот натпревар од полифиналната рунда во шпанскиот фудбалски Супер куп кој годинава го има своето трето издание во форматот „фајна-фор“. 
 
Барселона како освојувач на „Кралскиот куп“ од минатата сезона, ќе атакува на својата 14-тата титула во Супер купот прва по 2018-тата, дедека Реал која ќе според настапот во Ла Лига сезонава, вечерва ќе ја има и благата улога на фаворит го брка својот 12-ти трофеј во Супер Купот. 
 
Лани Реал беше елиминиран во полуфиналето од Атлетик Билбао кој подоцна во финалето ја освои титулата со победата над Барселона.
 
Вечерашното полуфинално „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе започне од 20 часот, термин во кој утревечер ќе се игра и вториот полфинален меч меѓу актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид и бранитело на трофејот во Супер купот, екипата на Атлетик Билбао.
 
Финалето е закажано за во недела.