Фудбал
18. July 2016 - 10:48

Барселона плаќа милион евра за постигнат гол

Дали потрошените стотици милиони евра на најбогатите европски клубови ги носат бараните резултати. 

Шпанците направија анализа според која Барселона потрошила најмногу пари по постигнат погодок за последните 10 години. 
Каталонците за засилувања платиле 353 милиони евра на засилувања а постигнале 345 погодоци што е 1.023 милиони по гол. 
Втор на листата е Манчестер Сити со 455 потрошени милиони евра и 450 постигнати голови што 1.01 милион за гол. Следува Манчестер Јунајтед со 0.93 потоа Челзи со 0.89 милиони за гол.
Најголемиот ривал на Барселона, Реал платил 354 милиони но постигнал 651 гол што е 053 по гол.
Одлично фигурира Баерн кој платил 144 милиони за 431 постигнат гол. 
Што се однесува до играчите најскап е Лукаку кој е платен 22 милиони евра за еден гол.
Еден од најисплатливите е Диего Коста кој е платен само 15,6 илјади евра по постигнат гол.