Loading Video...
Кошарка
3. May 2022 - 12:44

Барселона или Баерн вечерва решаваат за место на „фајнал-форот“ во Белград

Во најквалитетното европски кошаркарско клупско натпреваување, Евролигата, вечерва и утревечер се играат решавачки натпревари.
 
Натпреварите број пет или популарните мајсторки, кои на програмата се вечрева и утревечер, ќе ги одредат преостанатите два патници на завршниот Фајнал-фор турнир што ќе се одржува во Белград. 
 
Досега Реал Мадрид и Анадолу Ефес обезбедија пласман во полуфиналето, за кое вечерва ќе решаваат Барсеона и Баерн Минхен. 
 
Откако двете екипи добија по еден меч на гостински и домашен терен, сега шпанскиот преставник е во ситуација да ја има предноста и да игра пред домашната публика. Но, Баварците не мислат така бидејќи на првиот четфртифинален дуел успеаја да забележат победа, па тоа и и мотив повеќе за Баерн и вечерва да атакува на триумф. 
 
Победникот од овој дуел кој ќе започне од 20 часот во полуфиналето оди на мегдан на Реал Мадрид. 
 
А, кој ќе биде противник на Анадолу Ефес ќе дознаеме утревечр откако Олимпијакос и Монако ќе ја одиграат својата „мајсторка“.