Loading Video...
Фудбал
28. October 2018 - 18:27

Барселона го „растури“ Реал Мадрид

Фудбалерите на Барселона  славеа убедливо со 5-1 во Ел Класико против големиот ривал Реал Мадрид и ја најавија одбраната на титулата во Шпанија. 

Во отсуство на повредниот Лионел Меси неговата улога ја презеде Суарез кој постигна хет-трик.  
Резултатот сепак го отвори Кутињо по акцијата на Алба.  Вториот гол го постигна Суарез од пенал и најави катастрофа на гостите иако Реал успеа да се врати резултатски 
со погодокот на Марсело. Откако Кралевите испуштија шанса да израмнат преку Модриќ и тогаш на сцена стапи повторно Суарез и со два гола  ја доведе Барселона до предност од 4-1. 
До крајот на средбата  нововлезениот Артуро Видал ги постави конечните 5-1 што е еден од најтешките порази на Реал во последните неколку сезони во дуелите со актуелниот шпански шампион.