Фудбал
11. October 2018 - 13:38

Барселона без Умити до крајот на годината

Самуел Умтити, најверојатно нема да игра до крајот на годината поради повреда на коленото, пишува каталонски  Спорт.

Францускиот стопер се повреди на натпреварот против Леганес на 26 септември, поради што ги пропушти дуелите со Билбао, Тотенхем и Валенсија, а потоа откри дека повредата е посериозна од она што беше првично предвидено.

Потребна е пауза од неколку месеци, па Умити ќе пропушти големи натпревари како оние против Севиља, Интер и Реал Мадрид.

Најверојатно, фудбалерот на шпанскиот шампион ќе мора да оди на операција.

Тој е еден од најсигурните во одбраната на Барселона и во светот, а неговиот отсуство се совпадна со лошите резултати на каталонскиот тим и четири меча во Примера без победа.

Ново на Сител