Loading Video...
Фудбал
26. August 2019 - 10:36

Барселона без Меси и Суераз постигна пет гола

 Без повредените Лионел Меси и Луис Суарез, екипата на Барселона постигна пет гола во мечот против Бетис одигран на „Камп Ноу“, кој домаќините го добија со 5:2. 
 
Иако гостите од Севиља поведоа први во 15.минута со голот на Набил Фекир, во продолжение на сцена стапи Антоан Гризман. Новото засилување на Барса, постигна два гола во 41-вата и 50-тата минута со што го најави прествртот. 
 
Тоа беше увертира за голеадата која следеше, односно головите на Карлес   Перез (56), Жорди Алба (60) и Артуро Видал (77), за убедлива предност од 5:1. 
 
Поразот на Бетис го ублажи Лорен Морон со голот постигнат во 79-тата минута.