Loading Video...
Фудбал
21. September 2021 - 11:07

Барса се спаси од пораз од Гранада – Куман пред заминување од „Камп Ноу“ Куман пред заминување од „Камп Ноу“

Екипата на Барселона е далеку од посакуваната форма, што се потврди и на натпреварот со Гранада одигран на „Камп Ноу“. 

Каталонскиот гигант се спасуваше од пораз и тоа во последните мигови од мечот во кој гостите уште во втората минута од натпреварот преку Дуарте поведоа први. 

Иако Гранада со сите сили го чуваше водството, сепак отпорот беше скршен во последната 90-минута кога Араухо успеја да постигне гол и да го израмни резултатот, поставувајки ги конечните Барселона - Гранада 1-1. 

Прикажаната игра на избраниците на Роналд Куман само дополнително ги подграаја страстите па шпанските медиуми поитаа да информираат дека Куман е на излезна врата од „Камп Ноу“. 

По четири одиграни кола Барселона е седма со 8 бодови, дури пет помалку од лидерот Реал Мадрид, односно четири помалку од второпласираниот Атлетико. 

Холанскиот стратег по мечот призна дека Барселона оддамна не е истиот тим кој палеше и жареше на европската сцена. 

„На сите треба да им е јасно, оваа Барселона не е иста со онаа од пред осум години, не треба да се очекуваат такви партии“, изјави Куман по мечот со Гранада. 

Медиомите во Шпанија пишуваат дека претседателот Лапорта веќе донел одлука да му врачи отказ на Куман, но тоа ќе биде официјализирано кога ќе биде пронајдена замена за Холанѓанецот.