Loading Video...
Фудбал
1. April 2018 - 9:22

Барса се спаси од пораз кај Севилја

 
 
Екипата на Барселона се спаси од пораз на гостувањето во Севилја во дербито од 30 коло на шпанската Ла Лига. 
 
Севилја беше пред триумф се до три минути преде крајот, откако Франко Васкез и Луис Мјуриел и донесоа водство од 2-0. 
 
Но откако во игра влезе Лионел Меси, кој не беше меѓу стартерите поради повреда, Барса успеја да ја анулира негативата. Најнапред  Луис Суарез во 88.минута погоди за 1-2, а само неколку секунди потоа и Меси се запиша во листата на стрелци за конечни 2-2.
 
Така Барселона и по триесетиот одигран меч остана единствената непоразена екипа во Ла Лига.