Loading Video...
Фудбал
1. February 2019 - 15:18

Барса – Реал во полуфиналето на „Копа дел Реј“

Барселона и Реал во не цел месец ќе одиграат три меѓусебни дуели.
 
Денешната ждрепката за полуфиналето на шпанскиот фудбалски Куп, го донесе големото „Ел Класико“, односно дуелот меѓу вечните ривали Барселона и Реал Мадрид. 
 
Според ждрепката, првиот натпревар ќе се игра на „Камп Ноу“ на 6 февруари, а реваншот на „Сантијако Бернабеу“ е на 25 февруари. Само пет дена подоцна двата (2 март) тима повторно во Мадрид ќе играат во првенствен меч. 
 
Во второто полуфинале ќе играат Бетис и Валенсија, а тимот од Севиља, ќе има голем мотив за влез во финалето, кое годинава е предвидено да се игра на 25 мај на стадионот „Бенито Ваљамарин“ каде настапуваат фудбалерите на Бетис
 
 
„Копа дел реј“ - полуфинале:
БЕТИС - ВАЛЕНСИЈА
БАРСЕЛОНА - РЕАЛ МАДРИД
 
Полуфиналните натпревари се играат на 6 и 27 февруари.
Финалето, ќе се игра на 25 мај.