Фудбал
29. October 2015 - 8:20

Барса не успеа да им даде гол на аматери

Екипата на Барселона инаку бранител на трофејот во шпанскиот куп не успеа да постигне гол на гостувањето кај третолигашот Вилановезе во рамките на 1/16 финалето на Копа дел Реј. 

Средбата заврши со резултат 0-0 а каталонците настапија со вториот тим кој создаде малку шанси па ќе мора за пласман во 1/8 финалето да се бори во реваншот на Камп Ноу.