Фудбал
23. July 2016 - 16:08

Барса му „украде“ талентиран напаѓач на АМ

Младиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Лусијано Вието, ќе биде најновата аквизиција на Барселона, пренесува Mundo Deportivo.
 
Според истиот извор, клубовите постигнале договор и прашање на време е кога трансферот ќе биде официјализиран. Атлетико од трансферот на 22-годишниот напаѓач ќе заработи 22 милиони евра.
 
Вието во Барселона доаѓа како голема желба на тренерот Луис Енрике кој смета дека овој напаѓач ќе биде идеална замена за трилингот напаѓачи Меси-Нејмар-Суарез.
 
Лусијано Вието на почетокот на минатата сезона пристигна во Атлетико од Виљареал, но на „Винсенте Калдерон“ не го покажа вистинскиот потенцијал, одигра 28 натпревари со скромна статистика, три гола и пет асистенции.