Барса „кова“ нова титула, мадридските клубови заостануваат
Барселона го зголеми водството на табелата во Шпанија откако главните конкуренти Севилја и Атлетико ги поделија бодовите. Најмногу загуби Реал Мадрид кој непријатно беше изненаден од Сосиедад.
Кралските фудбалери очигледно се во мотивациска криза откако загубија со 2-0 пред своите гледачи од солидниот тим на Сосиедад кој на Сантјаго Бернабе победи по цели 15 години.
Гостите одлично го започнаа натпреварот откако Касемиро направи прекршок за најстрога казна уште во 3. Минута. Вилијам Жозе стрелаше прецизно за 1-0 за тимот на Сосиедад.
Во продолжението Реал не искористи неколку убави шанси додека противникот промашуваше по брзите контранапади.
Во таква ситуација Рубен Пардо зголеми на конечни 2-0 за неговиот тим.
Ова го искористи Барселона и со победа од 2-1 во Валенсија против Хетафе се зацврсти на врвот во Примера. Меси и Суарез уште во првиот дел ја доведоа својата екипа до високо водство од 2-0 но неизвесноста ја врати Мата на истекот на полувремето.
Барселона е лидер со 40 бода , 5 повеќе од Атлетико Мадрид додека Реал сега заостанува дури 10 бода и е на 5. Место.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК