Loading Video...
Фудбал
1. May 2019 - 11:28

Барса и Ливерпул вечерва во првата полуфинална пресметка во ЛШ

Вечерва (21 часот) на „Камп Ноу“ екипите на Барселона и Ливерпул ќе го играат својот прв дуел од полуфиналето во Лигата на шампионите. 
 
Имајќи ја в предвид традицијата и десетте трофеи кои ги имаа освено овие два тима во елитното натпреварување (по пет двете екипи), со право оваа пресметка го доби епитетот „финале пред финалето“. 
 
Шпанскиот првак е во неверојатна серија од дури 31 натпревар без пораз на домашен терен, а од почетокот на годинава, Барселона, но и Ливерпул незнаат за пораз. 
 
Затоа двајцата тренери се претпазливи околу исходот на вечерашниот дуел. 
 
„Ливерпул е компактна екипа. Има одлични напаѓачи, но и фенемонално воиграна одбрана која помогната од средниот ред одлично си ја извршува работа. Тие е борат за титулата во Премиер лигата, но против нас ќе се обидат да стигнат и до финалето во ЛШ. Не очекува добар меч и се надевам дека ќе се избориме позитивен резултат“, изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.
 
Менаџерот на Ливерпул, Јурген Клоп, со неколку провокативни изјави се обиде да ја подгрее атмосверата, но Германецот брзо атерираше. 
 
„ Домашниот терен ќе биде нивна предност, како и за нас во реваншот дуелот. Не е само Меси на кого треба да внимаваме. Напротив. Тие се екипа со голем број на поединци кои со еден потег може да го решат мечот“, потенцираше Клоп, кој не ќе може да смета на повредениот Фирмињо. 
 
За Барселона ова е прво полуфинале по пауза од четири сезони,  откако претходно стигна до својата петта титула. Ливерпул пак ќе се обиде повторно да ја мине оваа рунда и да игра во финалето, откако лато „црвените“ тоа го направија со елиминацијата на Рома, за подоцна во финалето да бидат поразени од Реал. 
 
Вечерашниот дуел меѓу Барселона и Ливерпул ќе го суди Бјорн Кујперс од Холандија.