Loading Video...
Фудбал
11. April 2019 - 16:23

Барса и Јуве со минимална предност во четвртфиналињата против Јунајтед и Ајакс

Откако синоќа беа комплетирани првите средби од четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите, вечерва на програмата се првите дуели од истата фаза во Лига Европа
 
Екипата на Барселона се стекна со минимална предност за реваншот од четвртфиналето против Манчестер Јунајтед откако синоќа на „олд Трафорд“, каталонците го добија првиот меч со 1-0.
 
Клучниот момент на натпреварот се случи во 12.минута кога по ударот со глава на Луси Суарез, Лук Шо го смени правецот на топката и таа влезе во голот на Де Хеа.
 
На вториот меч во Амстердам, Ајакс и Јувентус одиграа без победник.
 
Италијанскиот првак поведе во финишот на првиот дел односно 45.минута со голот на Кристијано Роналдо. Но, пои паузата, домашните фудбалери усте на стартот на вториот дел преку Давид Нерес израмнија на 1-1 што беше и конечен резултат на овој меч. 
 
Реванш дуелите во Барселона и Торино на програмата се претстојниот вторник (16 април)