Loading Video...
Фудбал
28. February 2019 - 17:09

Барса го елиминира Реал во полуфиналето на „Копа дел Реј“

Екипата на Барселона ја е првиот финалист во Купот на Шпанија.  Во реванш дуелот од полуфиналето одигран на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Барселона убедливо со 3-0 го победи големиот ривал Реал. 
 
Два гола за Каталонците постигна Луис Суарез во 50-тата и 73.минута од пенал, а во меѓувреме Рафаел Варан во 69.минута си постигна автогол. 
 
Веќе во сабота на истиот мегдан ќе се игра ново „Ел Класико“, но овојпат во рамките на Ла Лига.  
 
Кој ќе биде противник на Барселона во финалето закажано за 25 мај ќе дознаеме вечерва по реванш дуелот на „Местаља“ во кој Валенсија и Бетис ќе стартуваат со 2-2, резултат од првиот меч во Севиља.