Фудбал
5. February 2021 - 15:21

Барди со Леванте место во финалето на „Копа дел Реј“’ ќе бркаат преку Атлетик Билбао

Екипата на Атлетик Билбао ќе биде противник на Леванте, во чии редови игра македонскиот репрезентативец Енес Барди, во полуфиналето на шпанскиот фудбалски куп. 
 
Ова е епилогот од ждрепката одржана денеска, откако синоќа Атлетик Билбао го комплетира списокот на полуфиналисти. Баскијците кои допрва треба да го играат и финалето од минатата сезона во ова натпреварување, синоќа во четвртфиналниот меч против Бетис беа подобри по подоброто изведување на пенали со 4-3, откако регуларниот дел заврши без победник 1-1. 
 
Првиот мечот од полуфиналето меѓу Атлетик и Леванте ќе се игра во Билбао на 10 февруари, а реваншот е на 3 март. 
 
Вториот полуфинален пар во „копа дел Реј“ го сочинуваат Севилја и Барселона. 
 
Финалето за претходната сезона (2019-2020) во кое за трофејот ќе се борат 
Атлетик Билбао и Р. Сосиедад ќе се игра на 3 Април.