Фудбал
8. April 2018 - 16:44

Барди и Леванте се израдуваа на победа за опстанок

Фудбалерите на Леванте ја остварија најзначајната победа пролетва откако на свој терен го совладаа директниот конкурент за опстанокот во лигата Лас Палмас минимално со  2-0. Победата дојде во самиот финиш од мечот кога домаќините имаа играч помалку. 

Стрелец Хозе Кампања кој го постигна својот прв гол оваа сезона  и тоа во втората минута од суиското продолжение.Во решавачките моменти на теренот беше и македонскиот репрезентативец Енис Барди кој влезе во игра во 67м.  Леванте прв го отвори резултатот со погодокот на Коке а израмни Гарсија. 

Леванте со 31 бод е на сигурното 17. место со 8 бода повеќе од Депортиво Ла Коруња на седум кола до крајот на шампионатот во Шпанија.