Балкан
22. May 2018 - 14:32

Барбара ја нема година ипол: Семејството добило повик, полицијата веднаш на терен

Потрагата за 15-годишната Барбара Витез трае година ипол, а од девојчето од Србија по кое трага и Интерпол нема ни трага ни глас.

Нејзините родители одбиваат да веруваат дека е мртва како што претходно полицијата дојде до сознание, а последна надеж им е дојава дека е видена во Романија.

Полицијата веднаш испратила единици, но се покажало дека дојавата е лажна.

Истрагата е проширена во Албанија, Бугарија, Црна Гора, каде имаше дојави дека е забележана Барбара.