Фудбал
17. November 2015 - 8:21

Бараж ЕУРО 2016: Волтерс ја „однесе“ Република Ирска на ЕП

Репрезентацијата на Република Ирска е втората која преку бараж обезбеди учество на Европското фудбалско првенство што идната година ќе се игра во Франција. Ирците синоќа на домашен терен ја совладаа Босна и Херцеговина со 2:0.
Двата гола ги постигна Џонатан Волтерс. Првиот во 24.минута од пенал, а вториот во 70.минута.
 
На првиот дуел во Зеница беше 1:1, па со вкупни 3:1 Ирска оди на ЕП.
Ова за Р.Ирска ќе биде трето учество на ЕУРО откако претходно играше 1988 и 2012 година.
 
Претходно, пласман на ЕУРО 2016 преку бараж обезбеди Унгарија со две победи (1:0 и 2:1) над Норвешка.
 
Вечерва од 20:45 часот се играат последните два реванши од баражот:
Данска – Шведска (1:2 прв натпревар),
Словенија – Украина (0:2).