Фудбал
13. November 2015 - 23:24

Бараж ЕУРО 2016: БиХ - Р.Ирска 1:1

Баражот за ЕУРО 2016 меѓу БиХ и Р.Ирска што се одигра вечерва во Зеница заврши без победник 1:1. 

Роби Брејди донесе водство за гостите во 82.минута, а три минути подоцна Един Џеко го изедначи резултатот.
Реваншот меѓу овие две селекции се игра на 16.ноември (понеделник).
На првиот бараж дуел вчера Унгарија ја побеи Норвешка на гости.
Утре се играат другите два дуела: Украина - Словенија и Шведска - Данска.