Живот
5. February 2019 - 11:40

Барала фарба за коса и пронашла случајна близначка: Не се во сродство, а изгледаат буквално идентично што е застрашувачко

Пола Петра (23) од Џорџија и Кејт Мороу (29) од Конектикат, колку што знаат, не се роднини.

Меѓутоа без оглед на тоа, и на шестгодишната разлика меѓу нив, изгледаат како клонови - ако ги видите некаде на улица, би помислиле дека се идентичнки близнчки.

Да не се поклопеа неколку работи, никогаш немаше да се запознаат. Кејт ја видела фотографијата која Пола ја поставила додека купувала преку интернет страница боја за коса.

Прво ја споделила фотографијата со пријателите и со семејството, а потоа се јавила и Пола. Оттогаш тие две се пријателки.

А благодарени на организацијата 'Twin Strangers' тие двете се запознале.