Барак Обама нема да присуствува на комеморацијата за Мохамед Али
Америкнскиот претседател Барак Обама нема да присуствува на комеморацијата по повод смртта на боксерската легенда Мохамед Али, затоа што в петок, за кога е закажана комеморацијата, неговата ќерка во Вашингтон ќе прима диплома за завршено средно училиште.
Комеморацијата за Али ќе се одржи во Луисвил во сојузната држава Кентаки, каде тој е роден во 1942 година, како Касиус Клеј, .
Мохамед Али почина минатиот петок во болница во градот Феникс во државата Аризона, во која беше примен поради проблеми со органите за дишење.
Белата куќа соопшти дека претседателот Обама и неговата сопруга Мишел ќе присуствуваат на пригодната свеченост на родителите во училиштето на нивната ќерка Малиа.
Обама претходно телефонски разговарал со сопругата на Али, а на комеморацијата, како претставник на Белата куќа ќе присуствува, високиот политички советник Валери Џарет, која лично се познавала со прославениот боксер.
На комеморацијата ќе присуствуваат низа познати личности од американскиот политички, спортски и јавен живот, како поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и актерот Вил Смит, кој во еден филм го толкуваше ликот на Али.
Обајцата на комеморацијата ќе одржат пригодни говори.
Во Луисвил утре ќе се одржи традицинална муслиманска погребна служба, во спортската сала „Фридом Хол“, каде Али (Касиус Клеј) во 1960 година ја извојува првата победа како професионален боксер.
На церемонијата е најавено присутвото и на јорданскиот крал Абдула и на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители