Банон е подготвен за Трамп да „тргне во војна“
Главниот стратег на Белата куќа, Стив Банон, кој синоќа се повлече од функцијата, изјави дека за претседателот Доналд Трамп би „тргнал во војна“, информира Блумберг.
-Доколку има некаква забуна, дозволете да се дообјаснам: ја напуштам Белата куќа и тргнувам во војна за Трамп против неговите противници - на Капитол, во медиумите и меѓу корпоративна Америка, изјави Банон во својот прв коментар, по неговото напуштање на функцијата што вчера беше објавено. Подоцна се дозна дека тој се враќа на позицијата генерален директор на десничарскиот сајт „Брајтбарт“.
Банон уште синоќа го предводел редакцискиот колегиум на сајтот и новинарите ги повикал да работат како никогаш досега на конзервативната кауза.
Оставката на Банон е резултат на обидите на генерал Џон Кели, кој неодамна го презеде раководењето со администрацијата на Белата куќа, да ги прекине внатрешните конфликти меѓу сорабтниците на Трамп, посочи весникот „Волстрит џорнал“, коментирајќи ја изјавата на портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.
-Шефот на администрацијата на Белата куќа, Џон Кели, и Стив Банон се договорија денеска да биде последниот работен ден на Стив, рече Сандерс.
Според „Волстрит џорнал“, Банон во Белата куќа бил најмногу поврзан со претставници на конзервативните сили, со поддржувачи на популизмот и национализмот и овие идеи биле прифатени од Трамп во неговата предизборна кампања.
Ново на Сител
-
Пукање во Скопје попладнево - полицаец заврши во болница
-
Се слушнал плач од сандакот: Предвреме родено дете во Индија живо закопано во гроб
-
Утре е неработен ден, a следен неработен ден е среда
-
Пендаровски: Во очи влезот на НАТО може да очекуваме политичка пропаганда и „фејк њуз“
-
Тешка сообраќајна несреќа во Бутел- автомобил излета од патот и се преврте на кров
-
Заев: Да не дозволиме да бидеме наивни да отвораме работи кои можат да не поделат
-
Детектор анкета: Повеќе од две третини од граѓаните на референдум би гласале за членство во НАТО
-
Намалена видливост од 50 до 100 метри на патот Страцин – Крива Паланка