Loading Video...
Свет
23. September 2019 - 17:35

Банкротира Томас Кук, 600.000 туристи заглавени по светот

Најстарата туристичка компанија во светот, британската Томас Кук банкротраше и од утрово престана со работа. Извршниот директор на Томас Кук Питер Фанкхаузер, изјави дека не уапселе да издејствуваат британската влада да ги откупи долговите на компанијата  основана во 1841  години.

- И покрај напорни преговори во изминатите денови не успеавме да обезбедиме договор со кој ќе го спасевме нашиот бизнис. Знам дека овој исход ќе биде разорен за многу луѓе и ќе предизвика анксиозност, стрес и немир. Прво сакам да се извинам на моите 21,000 колеги кои знам дека ќе бидат со скршено срце. Сите се боревте силно за Томас Кук да биде успешен. Второ, сакам да се извинам на сите наши муштерии, тие кои моментално се на патување преку нас и на тие кои резервираа со нас во тековниот месец, порача извршниот директор на Томас Кук Питер Фанкхаузер

Околу 200.000 британски туристи и уште околу 400.000 од други земји се заглавени низ светот чекајќи да се најде решение за нивно враќање. Британската влада вети дека сите британци ке се вратат дома на трошок на државата.