Фудбал
6. November 2017 - 11:49

Банкротира ФК Модена

Поранешниот италијански прволигаш Модена прогласи банкрот, со што е ставен крај на 105-годишната историја на клубот.

Модена имаше големи финансиски проблеми, поради што клубот не ги одигра последните три натпревари.

Модена која се натпреварува во Серија Ц денес требаше да го одигра натпреварот против Сантарканџело, а откако играчите не се појавија на теренот, клубот е исфрлен од лигата.

Изминатиот период беа правени обиди клубот да биде продаден, но никој не покажа интерес да го купи овој клуб. Покрај тоа и играчите не сакаат да играат бидејќи неколку месеци не примиле плата.

Модена е основана во 1912 година, а 13 сезони има настапувано во Серија А, последен пат во сезоната 2003/2004.