Банките во еврозоната позајмија рекордни 1.300 милијарди евра од ЕЦБ
Банките во еврозоната денеска позајмија рекордни 1.300 милијарди евра од Европската централна банка (ЕЦБ) за да ја задоволат зголемената побарувачка на компаниите за кредити во време на невидена рецесија.
ЕЦБ ја започна програмата „Целни долгорочни операции за рефинансирање“ (ТЛТРО) пред шест години, а годинава ја измени за да и помогне на економијата да ги надмине тешките последици од пандемијата на коронавирусот.
Комерцијалните банки денеска позајмија вкупно 1.300 милијарди евра од програмата за период од три години, со каматна стапка од минус еден процент.
Позајмениот износ е најголем откако ЕЦБ го воведе ТЛТРО, но е помал во нето-услови, бидејќи банките веројатно користеле дел од износот за репрограмирање на старите заеми на ЕЦБ за да ги искористат поволните каматни стапки.
Негативна каматна стапка значи дека банките ќе заработат 0,5 проценти за една година без никакви услови или еден процент под услов да не го намалат кредитното портфолио.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра