Банките подготвени за предвремена исплата на пензиите, задолжително носење заштитна опрема
Сите банки се подготвени предвреме да ја извршат исплатата на априлските пензии, информираа денеска од Македонската банкарска асоцијација (МБА).
Пензионерите кои имаат дебитни картички ќе можат да ја подигнат пензијата веќе од утре на банкоматите на банките, додека исплатата на пензиите за оние кои немаат дебитни картички ќе се врши етапно. Така, на 27 април ќе се исплаќаат пензиите до 11.000 денари, на 28 април пензиите од 11.001 до 14.000 денари, на 29 април пензиите од 14.001 до 18.000 денари, а на 30 април пензиите над 18.000 денари.
– Со новиот системски пристап потврден од сите банки ќе се намали физичкото присуство во филијалите и експозитурите и ќе се овозможи поголема заштита на здравјето на сите корисници на банкарски услуги, особено на повозрасните граѓани, велат од МБА.
Додаваат дека при посетата на филијалите и експозитурите, на пензионерите ќе им биде понудено да пополнат барање за изработка на бесплатни дебитни картички со цел да се намали физичкото присуство во банките.
– Апелираме до сите корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на потребата од посета на филијалите и експозитурите, велат од МБА.
Воедно, се апелира до останатите корисници на банкарски услуги да покажат разбирање и утринските часови да им ги отстапат на пензионерите.
Од МБА потсетуваат дека при посета на филијалите и експозитурите задолжително е носењето на лична заштитна опрема на лицето.
И Владата денеска соопшти дека исплатата на априлските пензии почнува од утре и оти пензиите ќе се исплаќаат во четири групи со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.
Веќе од утре над 320 илјади пензионери ќе ги добијат пензиите на своите сметки.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок