Бизнис
15. December 2016 - 20:04

Банките не најавуваат поевтинување на кредитите по намалувањето на основаната камата

Се стабилизраат очекувањата на економските субјекти. НБРМ констатира дека заради ова има позитивни движења на девизниот и смирување на случувањата на сите сегменти на депозитниот пазар.

Стабилизацијата позитивно влијае и на банкарското работење во целина. По повлекувањето на депозитите во првата половина од годината заради политичката криза, во третиот квартал  забележан е раст и кај заштедите на фирмите и кај населението и тоа и во денари и во девизи.

Дека ризиците се намалиле се гледа и од растот на ликвидните средства на банките од 5,5% во третиот квартал. Тоа овозможи речиси целосно обновување на ликвидните средства кои претходно беа употребени за ублажување на последиците од кризата настаната по одливот на депозитите.

Стабилизацијата е причаина за одлуката на НБРМ за намалување на референтната камата за 0,25%, Сега каматата на благајничките записи изнесува  3,75%.

Иако каматните стапки се дефинираат врз основа на референтната камата, банкарите не очекуваат помалата стапка да вклијае на каматната политика со оглед на фактот дека корекции немаше ни претходно кога каматата беше зголемена.

За девет месеци од оваа година, и покрај туруленциите во секторот, банките покажуваат зголемени добивки во однос на лани.