Македонија
19. October 2022 - 19:41

Банките имаат доволно пари за да го кредитираат стопанството и граѓаните

Банкарскиот сектор е стабилен со многу малку нефункционални кредити. Инвеститорите, претставниците на монетарната власт и банкарскиот сектор на Конференцијата во организација на Шпаркасе банка заклучија дека во моментов нема ризици за монетарна дестабилизација и покрај силното влијание на актуелната врз глобалната економија.

И покрај интервенциите на народната банка, од Шпаркасе велат дека имаат доволно ликвидност во овој период да не вршат зголемување на каматните стапки на кредитите.

Инвеститорскиот појадок кој деветта година по ред го органзиира Шпаркасе банка повторно ги собра најважните луѓе од финансискиот свет меѓу кои и претставниците на Мудис една од најважните американски фирми кои го креираат кредитниот рејтинг на економиите ширум светот.