Бизнис
10. August 2016 - 19:54

Банкарскиот сектор стабилен, растат заштедите во денари

Банкарскиот сектор се стабилизира. Притисоци на девизниот пазар и интервенции од Централната банка  со откуп на девизи, за да се задржи стабилноста на денарот  – нема. Ова го заклучи Комитет за монетарна политика  на Народната  банка. Податоците укажуваат  дека во вториот квартал економијата продолжи да расте, но со поспора динамика отколку во првите три месеци од годината. Ова, заедно со ризиците  од надворешното опкружување и домашните политички случувања ќе влијаат  за надолен тренд на проекциите за БДП .  

Во однос на кредитирањето, податоците за јули укажуваат мало намалување на кредитите  за фирмите,  додека пораст на кредитирањето кај населението. Растат  и заштедите на граѓаните во банка, особено во домашна валута, поради повисоките камати кои ги нудат деловните банки.

Во јули, поради сезонскиот карактер, зголемена е понудата на девизи од менувачи со истовремен пад на нивна побарувачка.  Тоа предизвика  банките да остварат висок нето откуп , со што им се подобри  девизната ликвидност и си ги зголемија депозитните пласманите кај Народната банка. Истовремено Централната банка од 25 јули  секојдневно интервенира со откуп на девизи од банките, и заклучно со 8 август откупени се 48,3 милиони евра. Во такви околности банките ги зголемија пласманите во расположливи депозити кај Народната банка., се вели во соопштението на Комитетот.

Најновите податоци за девизните резерви за јули покажуваат висок раст, а главен фактор се трансакциите за сметка на државата, заради издадената евро-обврзница, како и, во  помал дел - девизните депозити на домашните банки кај НБРМ, и интервенциите на НБРМ на девизниот пазар.

Податоците укажуваат и на нешто поголем дефицит на тековната сметка. Сепак , приватните трансфери се поволни, а директните инвестиции солидни и подобри од очекувањата. Комитетот наведува дека ризици врз економијат се уште постојат и доколу е потребно ќе направат промени во монетарната политика.