Свет
16. November 2016 - 19:16

Бан: Трамп постепено се менува

Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун изјави дека ја набљудува промената во реториката на Доналд Трамп по изборите и дека тој и новоизбраниот претседател на САД се договориле да се сретнат.

Според Бан, Трамп покажува знаци дека постепено се откажува од категоричните изјави дадени за време на една „тешка политичка кампања“.

- Ќе разговарам со него и ќе ги разгледаме сите прашања од заеднички интерес, истакна Бан.

Генералниот секретар на ОН посочи и дека интензивирањето на национализмот и на популизмот довело до промени на светската политичка сцена, посебно во Европа, а сега и во САД и до извесен степен во Азија.