Свет
5. January 2018 - 11:31

Бан: Светските лидери немаат доволно глобална визија

Одговорноста за турбулентната ситуација во светот ја сноси недостигот на глобалната визија кај водечките политичари, оцени поранешниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Тој изрази голема загриженост околку кризата со Северна Кореја, укажувајќи дека постои опасност од нукларна војна.

- Кога ќе дојдат во седиштето на ОН сите велат дека се залагаат за мир во светот, а кога ќе се вратат дома стануваат заложници на внатрешно политичката агенда. За жал постојат само малку лидери со глобална визија, нагласи Бан, во интервју за виенскиот весник „Пресе“.

Пранешниот генерален секретар на ОН наведе дека кога стапил на чело на Светската организација во 2007 година, сакал да го направи светот подобар, но по 10 години не може да се каже дека живееме во подобар свет.

- Тоа е и лично разочарување, а за мојот удел во тоа треба да судат историчарите, нагласи Бан. 

Тој смета дека трошка надеж е тоа што пред Олимписките игри, дошло до приближуваање на Северна и Јужна Кореја. 

- Секогаш мислев дека спортот е добро средство за промовирање на мирот, а Пјеонгчаг, каде ќе се одржуваат Зимските олимписки игри, е одлично место за да се упати порака за хармонија и соработка. Ситуацијата на Корејскиот Полуостров и во североисточна Азија остава големи последици врз мирот во светот. Се уште сум многу загрижен поради тензиите меѓу САД и Северна Кореја, но во последните денови забележувам трошка надеж, истакна Бан. 

Тој е уверен дека на крајот ќе дојде до дијалог меѓу САД и Северна Кореја, посочувајќи дека реториката меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп не е од помош. 

- Се надевам дека ќе може да биде пронајден пат кон договор за денуклеаризација и повторното мирољубиво обединување на Корејскиот Полуостров, потенцираше Бан. 

Тој констатираше дека апсурдно е Ким Џон-ун да се спореди со кој било друг лидер во светот, посочувајќи дека досега во Северна Кореја никогаш не постоела власт што дејствувала против сите норми на ОН. 

- На светот му се закануваат многу кризи од Сирија до Северна Кореја. Мојата најголема загриженост е Северна Кореја. Тука зборуваме за опасност од нукеларна војна, заклучи Бан.