Свет
9. August 2016 - 11:11

Бан Ки-мун загрижен поради демаркацијата на границата меѓу Косово и Црна Гора

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун во својот најнов извештај за Косово изрази загриженост поради ситуацијата поврзана со процесот за демаркација на косовската граница со Црна Гора. 

Бан е загрижен и поради институционалната криза во Косово.

Косовското Собрание треба да гласа за договорот за демаркација со Црна Гора в четврток, а претходно собраниската Комисија за надворешна политика треба да ја разгледа таа спогодба.

Тој исто така ги повика лидерите во Белград и Приштина да го продолжат дијалогот за нормализција на односите и да покажат подготвеност на компромис за да обезбедат побрзо завршување на тој процес во корист на сите релевантни страни.