Балкан
9. January 2016 - 11:26

Бан Ки-мун: Решавањето на кипарскиот проблем е поблиску од било кога

Решавањето на кипарскиот проблем сега е поблиску од било кога претходно, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, во својот извештај за островот што беше претставен пред Советот за безбедност на ОН, информираат кипарските медиуми.

Бан Ки-мун е убеден дека „следните неколку месеци се особено важни за Кипар, доколку двете етнички заедници на островот успеат да постигнат тешки компромиси, што се неопходни за што поскоро изнаоѓање на целосно решение на кипарскиот проблем“.

Генералниот секретар на ОН смета дека за двете страни во спорот да можат да одат напред треба да постигнат согласност за прашањата што им висат во  преговорачките поглавја, а најмногу за имотните прашања.