Свет
6. October 2015 - 9:06

Бан Ки-мун побара од Иран да помогне во мировниот процес за Сирија

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун го повика Иран да изврши притисок врз својот сојузник Сирија за да се дојде до мировно решение за судирите во земјата.

Тој на средбата со иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф изјави дека „не постои воено решение за конфликтот и побара од Иран да го искористи своето влијание во напредокот на политичкото решение“.

Како што е соопштено, Бан и Зариф разговарале и за Јемен, каде ОН се обидуваат да ги оживеат мировните преговори.