Свет
17. January 2016 - 19:39

Бан Ки-мун ја поздрави размената на затвореници меѓу САД и Иран

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун денеска ја поздрави размената на затвореници меѓу САД и Иран, како и укинувањето на санкциите против Техеран.

- Ги поздравувам чекорите на владите на двете земји за подобрување на односите. Исто така, охрабен сум од укинувањето на санкциите против Иран, изјави Бан за време на посетата на Дубаи.

Генералниот секретар на ОН изрази надеж дека земјите ќе го искористат нуклеарниот договор, што овозможува надминување на ограничувањата.

- Сега е момент да се направат напори за соработка во други неодложни предизвици преку дијалог, што би требало да продолжи за наоѓање на пат кон подобра иднина, истакна Бан.