Свет
1. March 2016 - 15:45

Бан Ки-мун и Сергеј Лавров изразија поддршка за примирјето во Сирија

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјавија дека е неопходно да се почитува примирјето во Сирија.

- Тие се согласија дека е важно веднаш да се постигне напредок како во спроведување на договорот за прекин на воените дејствија, така и во испораката на хуманитарна помош за цивилното население и враќање на политичките преговори, соопшти прес-службата на ОН по средбата меѓу Бан и Лавров во Женева.

Генералниот секретар на светската организација му заблагодари на шефот на руската дипломатија „за неговата значајна улога во постигнувањето напредок во Сирија“.

Тие разговараа и за ситуацијата на Корејскиот Полуостров и во Украина.