Балкан
9. November 2015 - 14:23

Бан Ки-мун го осуди насилството на опозицијата во косовското Собрание

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун го осуди во својот најнов извештај за Косово насилството на опозициските партии во косовското Собрание и го поздрави постигнувањето на спогодбата во Брисел за формирање на Заедница на општини со мнозинско српско население. 

- Ја осудувам употребата на насилство и застрашувањето, кое го користат опозициските партии, а кои го попречуваат нормалното работење на Собранието на Косово, како и недозволивите напади на опозицискитге активисти насочени кон премиерот и членовите на Владата, нагласи Бан во извештајот. 

Тој ги повика сите политичари да се воздржат од реторика и дејствувања, кои се некомпатибилни со принципите и нормите на цивилизираното и демократското општество.

- Таквите чекори се на штета на довербата на јавноста во тие институции, како и на имиџот на Косово во светот. Ги повикувам посебно припадниците на опозициските партии одговорно и зрело да ги исполнат своите обврски, со целосно почитување на демократскиот процес и институциите за кои се избрани, нагласи Бан.