Бан Ки-мун апелира за успех на мировните преговори за Сирија

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун денеска апелираше до сите страни вклучени во сирискиот конфликт да придонесат за успех на мировните преговори за Сирија што се одржуваат во Женева, бидејќи со нивниот неуспех ќе има последици за кои е „застрашувачки и да се разислува“.
Бан истакна дела земјите во регионот на Блискиот Исток и „во другите делови во светот“ треба да се обединат во напорите за стабилизација на Сирија, а не да ја користат земјата како бојно поле.
Генералниот секретар на ОН оцени дека светот денес се соочува со „хуманитрана катастрофа без преседан“ во Сирија, каде се убиени 250.000 луѓе, а речиси половина од сириските граѓани беа принудени да ги напуштат своите домови.
Бан го повика Советот за безбедност на ОН случувањата во Сирија да „ги пријави“ до Меѓународниот кривичен суд, бидејќи, како што рече, не смеат да се занемарат употребата на хемиското оружје, измачувањата, ,неселективните бомбардирање на цивилите, како и користењето на опасдите и изгладнувањето на луѓето како средства за војување.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
