Свет
15. September 2016 - 10:47

Бан: Итно да се спречат провокациите на Северна Кореја

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска оцени дека тензиите на Корејскиот Полуостров никогаш не биле толку големи и го повика Советот за безбедност на ОН да преземе итни чекори за спречување „провокативни акции“ на Северна Кореја.

На денешната прес - конференција тој истакна дека американската амбасдорка во ОН Саманта Пауел веќе почнала да работи на нова резолуција на ОН со клучните членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја и Кина.

Според него, неопходно е СБ да биде единствен и да покаже цврста решителност и посветеност, а не да губи време во испраќање силни пораки до Северна Кореја дека нејзините  нуклеарни тестови и лансирање на балистички ракети се неприфатливи и оти мораат да престанат.

Како што додаде Бан, Советот за безбедност на ОН оваа година осум пати се состанал за да разговара за Северна Кореја, што ја покажува сериозноста и тежината на ситуацијата.