Спорт плус
18. May 2017 - 9:40

Балтиќ нов селектор на македонската одбојкарска репрезентација

Словенецот Драгутин Балтиќ ќе биде нов селектор на машката одбојкарска репрезентација на Македонија.
 
Искусниот словенечки тренер ќе седне на селекторското столче на нашата селекција во претстојниот циклус на натпревраи во Европската лига. 
 
Во својата кариера Балтиќ е освојувач на силните клупски натпреварувања, ЦЕВ и Челинџ Купот. А со своите клубови ги има освојувано и националните шампионати на Словенија, Азербејџан и Швајцарија.
 
Како селектор претходно има работено во Бугарија и Словенија.