Македонија
5. April 2018 - 16:18

Балканската мигрантска рута е затворена, но шверцерите на мигранти и натаму се главен проблем

Петмина Пакистанци синоќа пронајдени во Ауди со штипски регистарски таблички. Возачот се обидел да побегне, но е приведе. Ова е само еден од катадневните случаи на шверц на мигранти, иако, балканската мигрантска рута официјално е затворена.

Токму затоа  ЕУ и натаму го детектира регионот на западен балкан  како влезна врата за мигрантите .

Од регионалната иницијатива МАРРИ велат дека будно ја следат ситуацијата околу миграцијата. Укажуваат дека сега повеке отколку порано е потребна  поцрвста соработка мегу земјите од  западниот балкан за да се сузбие  криминалниот бизнис на криумчарење на  мигранти. Според некои информации по затворањето на  „Балканската“ рута цените на црниот пазар за шверц на мигранти изнесуваат од 300 до 800 евра по човек.

Во 2015  и почетокот на 2016 година  преку нашата  територија транзитираа мегу 800 000 и еден милион бегалци, а само  200  од нив побарале азил.  Ова укажува дека  Македонија  се користи само како транзит, кон земјите на Европската Унија.   

Новинар: Сања Сеизова