Балкан
28. February 2020 - 18:00

Балканот во паника - пет потврдени случаи во Грција, четири во Хрватска

Балканот на нозе поради коронавирусот. 4 нови случаи се регистирани во Грција и 5 во Хрватска. Двајца професори и 15 студенти од Риека немале среќа праксата поради која замиле  во Милано да ја завршат таму, бидејќи итно се вратиле назад. Од другата страна пак, во градот, во шатори на црвениот крст самоиницијативно на преглед доаѓаат луѓе кои се вратиле од Италија.

Дека Хрватите сериозно ја сфатиле опасноста од вирусот, говори и дефицитот  на маски и средства за дезинфекција. Па поради големата побарувачка, производителите вовеле и трета смена.

И другите балкански земји на свој начин ја почнаа борбата против вирусот. Словенците ако немаат заболени, одлучијата да ги испразнат садовите со света вода на влезовите на црквите. Нема ниту ракување.

Заразени нема ниту во Србија, каде властите најавија набавка на 5 милиони маски. Проблем со дефицит на маски има и во Италија, а тоа го искористиле самостојни трговски кои преку интернет маска по лице ја  ја продаватат по цена и до  5 000 евра. Бројот на заразени со коронавирусот пшродолжува да расте и во светот. 13 милиони јапонски деца од понмеделник нема да одат  во училиште. Иста е ситуацијата и во Ирак. Во Тајланд се дезинфицираат училиштата и домовите на заболените. Иранската влада забрани увоз на странски производи, а нивниот министер за здравство е позитивен на вирусот.  Заразена е и потпретседателката на државата која била на состанок и со претседателот Рохани. Во САД допрво се подготвуваат за епидемија, а  некои пациенти не се ни тестирани. Претседателот Доланд Трамп најави дека ќе го третираат вирусот како грип. Прв случај на Ковид 19 регистиран е и во Африка, а во Конк Хонд потрдено е и кај првото куче.