Балкан
2. August 2017 - 8:40

Балканот се тресе, земјотрес утрово во Романија

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Вранча, североисточна Романија.

Според романскиот Национален институт за геофизика епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 132,5 километри.

Во истиот регион вчера попладне беше регистриран земјотрес со интензитет од 4,6 степени, а епицентарот беше на длабочина од 96,6 километри.

Во понеделникот во Вранча беа регистрирани четри слаби земјотреси.