Балкан
2. May 2018 - 8:20

Балканот се тресе, земјотрес близу Атина

Земјотрес со интензитет од 4,1 степен по Рихтеровата скала погоди синоќа област во близина на Атина.

Нема информации за евентуална штета или повредени, соопштија грчките власти.

Епицентарот се наоѓал на 29 км североисточно од Атина, на длабочина од 9,4 км.

Потресот се почувствувал во грчкиот главен град и предградија, јавија грчки медиуми.